Германската канцеларка Ангела Меркел ја опиша операцијата за евакуација во Авганистан како „многу компликувана мисија“ и им се заблагодари и на Бундесверот и на Узбекистан, јави ДПА.
– Сега работиме за да ги вратиме луѓето од Авганистан, германски државјани, но и што е можно повеќе локални сили или Авганистанци на кои им е потребна заштита, истакна денеска Меркел за време на посетата на градот Гисен.
Таа изрази надеж дека сепак ќе се успее да се донесат што е можно повеќе луѓе дома или да бидат заштитени и безбедни.
– Тоа е координирана меѓународна операција во која Германија, исто така, игра важна улога, додаде Меркел и им се заблагодари на војниците кои се распоредени во Авганистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.