Мексиканските безбедносни сили уапсија во Мексико Сити 31 лице поради сомнеж дека се поврзани со нарко картелите, а во акцијата се запленети 50 килограми синтетички дроги, повеќе од два тона марихуана и 20 килограми кокаин.

Владини претставници во земјата истакнале дека апсењата се извршени за време на рацијата спроведена во прикриени лаборатории за дрога и подземни тунели, кои нарко картелите ги користат за пренос на дрога во квартот Тепито, во центарот на Мексико Сити.

На снимките кои безбедносните сили ги објавиле на Твитер се забележуваат војници со целосна воена опрема, паркирани оклопни возила и блокирани крстосници во близина на местата каде што е извршена акцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.