Мексиканскиот регулатор за лекови ја одобри кубанската вакцина против ковид-19 „Абдала“ за итна употреба.
„Абдала“ е десетта вакцина против Ковид одобрена од Федералната комисија за заштита од здравствен ризик за употреба во Мексико.
Кубанските вакцини се базираат на рекомбиниран протеин, технологија што ја користат и американската фармацевтска компанија „Новавакс“ и француската „Санофи“. Според кубанските научници нивната ефикасност е над 90 отсто.
Надвор од Куба, „Абдала“ е одобрена во Никарагва, Виетнам и Венецуела, која веќе има потпишано договор со Хавана за набавка на 12 милиони дози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.