Мексико стана четвртата земја во светот по бројот на смртни счучаи од корона вирус, пренесе денеска агенцијата Франс прес повикувајќи се на податоци од тамошните власти.

Во Мексико се заразени 299.750 луѓе од кои 35.006 се починати, соопштија мексичките власти.

Мексико стана четврта земја, пред Италија, која во неделата регистрираше 3.954 смртни случаи.

САД е земја која има највеќе починати од корона вирус 135.000, следува Бразил, Велика Британија и од денеска Мексико.

Мексико од 1 јуни почна да олабавува некои од мерките воведени против ширењето на Ковид-19, така што одново се започнати некои економски активности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.