Следниве неколку дена Мексико би можел да остане без пиво, соопшти Здружението на пиварниците во Мексико.
Мексиканската Влада не го смести прозводството на пиво во есенцијалните индустриски гранки, па пиварниците во март беа затворени по вонредните мерки поради корона-пандемијата.
Претседателката на Здружеието, Карла Сикејрос изјави дека нема проценки – колки уште пиво останало во продавниците, но има сигурни информации дека цените драстично се покачуваат поради недостигот.
Таа им вети на љубителите на оваа напивка, дека производството ќе почне веднаш кога Владата ќе одобри враќање на работниците во фабриките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.