Британската премиерка, Тереза Меј, побара од Европската Унија да го помести датумот за брегзит од 12 април на 30 јуни бидејќи британскиот парламент одбил да го усвои владиниот предлог за договорот со ЕУ.

Во писмото кое го упатила Меј до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, таа навела дека Велика Британија ќе понуди план за непредвидливи ситуации, за да учествува на изборите за Европскиот парламент во мај, ако во меѓувреме не се постигне договор за брегзит, јави АП.

Според зборовите на Меј, таа почнала подготовки, иако верува дека не е во интерес ниту на Велика Британија, ниту на ЕУ, Британија да учествува на изборите.

Како што вели, таа го прифаќа ставот на ЕУ дека доколку Британија не ја напушти Унијата до 23 мај, ќе има законска обврска да учествува на изборите, поради што се надева дека ќе постигне компромисен договор, за Британија да излезе од ЕУ пред тој период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.