Британската премиерка, Тереза Меј изјави дека нејзината влада не го сменила ставот и не сака да го одложи датумот за брегзит – 29 март, кога Велика Британија би требала да ја напушти Унијата.
Позицијата на владата е многу јасна уште со покренувањето на членот 50. Ние имаме временски рок од две години кој завршува на 29 март и работиме на тоа“, изјави Меј, пренесе „Ројтерс“.
Шефот на британскиот преговарачки тим за брегзит, Оли Робинс изјави претдходно денеска дека британските пратеници ќе се соочат со изборот помеѓу договорот кој го договори Меј или со продолжување на периодот за спроведување на членот 50.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.