Поради пандемијата, но и поради најавите за конкретни датуми за масовна вакцинација на лѓето ширум светот, веќе се развиваат апликации за проверка на ковид статусот на патниците во меѓународниот сообраќај, т.н. ковид пасоши.

Како што објави американскиот весник „Вашингтон пост“, станува збор за апликации за мобилни телефони на кои патниците во меѓународниот сообраќај ќе ги испраќаат своите потврдени резултати од тестовите за Ковид-19 или доказ дека биле вакцинирани,

Засега има две такви апликации, од кои едната веќе се користи во САД, додека другата е во завршна фаза на развој.

Ковид-пасошот, создаден од непрофитната организација „Комонс проект“, се вика „КомонПаш“ и се користи на летовите на Јунајтед и Катеј Пацифик кон Њујорк, Лондон, Сингапур и Хонг Конг.

Втората апликација се уште ја развива Здружението на меѓународни авиокомпании (IATA) и се нарекува „IATA-Travel Passport“. Се очекува втората апликација да стапи во употреба веќе на почетокот на 2021 година и да биде достапна за корисниците на Aндроид и оние кои користат уреди на Епл.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.