Од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопштија дека Иран почнал да произведува метал ураниум, што се користи како гориво во еден од неговите нуклеарни реактори.
Од Агенцијата истакнаа дека тоа претставува уште едно кршење на Договорот за иранската нуклеарна програма.
Во соопштението на МААЕ се наведува дека од 8 февруари во погонот во Испахан, централен Иран е утврдено присуство на метал ураниум.
Од МААЕ наведуваат дека тој вид ураниум може да се користи и во производство на нукеларно оружје.
Договорот за иранаската нуклеарна програма, потпишан во 2015 година, предвидува ограничување на збогатувањето на ураниум во замена за укинување на економските санкции кон Иран. Во 2018 година САД едностарано се повлекоа од Договорот, по што официјален Техеран почна да не ги почитува одредбите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.