На двата краја на светот во моментов има екстремни температури.
Во Чикаго неделава се очекуваат ниски темепратури опасни по живот и рекордно студен воздух.
Од друга страна, Аделаида и други делови на Австралија се на удар од топлотен бран.
Досега во САД од екстремните студови животот го изгубиле шестмина. Температурите денеска паднаа на -45 степени во Чикаго, додека во Северна Дакота се измерени -54. Метеоролозите велат дека најлошото допрва доаѓа. САД ќе бидат оковани во поларни студови барем до понеделник.
WC MN we’re dealing w/some limited visibility in the open areas. Remember to turn those headlights & taillights ON and #MoveOver for those on the shoulder. This area was I-94 about 10 miles east of Moorhead. Road info https://t.co/UtVIO3kuBr pic.twitter.com/yZG4NRC5Th
— Sgt. Jesse Grabow (@MSPPIO_NW) January 29, 2019
Lake Michigan today. #Chicago pic.twitter.com/xD455rtno2
— Tommy (@Tommy_Slates) January 30, 2019
Chicago is so ridiculously cold that they’ve set the railway tracks on fire pic.twitter.com/bXJ2SKcCQH
— Newsweek (@Newsweek) January 30, 2019
Good morning #Chicago, #Illinois, USA!!! Temperatures of -29c at the moment with a windchill approaching-45c…. video via @FrGoose13 #severeweather #Chicagoweather #extremeweather pic.twitter.com/3D8iHmnFDF
— WEATHER/ METEO WORLD (@StormchaserUKEU) January 30, 2019
So it’s a bit chilly in #Chicago Feel free to use, @accuweather @ABC7Chicago #polarvortex #deepfreeze #chicago #windchill #freezing #brrrr pic.twitter.com/7BjhuBI6y4
— jordanwilson04 (@jordanwilson04) January 30, 2019
Coldest weather in at least 25 years puts the Midwest in the freezer. #Chicago forecast temps
Wed low: -22
Wed high: -13°
Thu low: -25°
All-time low is -27° & all-time
low max is -13°.
We’ll be live starting at 6 AM ET Wed on #weatherchannel#PolarVortex2019 pic.twitter.com/rjCudqn0gf— Mike Seidel (@mikeseidel) January 29, 2019
Истовремено, во Австралија има незапамтени горештини. Највисоките дневни температури достигнуваат 50 степени, а на експтремните горештини не им се гледа крајот. Темпераатурите уриваат вековни рекорди – минатата недела дури пет дена беа меѓу десетте најтопли во историјата на Австралија.
Екстремните температури и сушата доведоа до масовно изумирање на животните на континентот. Прво се појави информација дека на бреговите на реките се насукале повеќе од милион мртви риби, а потоа медиумите соопштија дека топлото време за само два дена убило третина од популацијата на љиљаци во Њу Саут Велс.
Австралија не памети вакви горештини и суши, а доказ за тоа е и фактот дека последните неколку дена дојде до масовен помор и на диви коњи.
Што се случува?
Чикаго се нарекува ветровит град (Windy City), но и покрај тоа моменталните студови заслужуваат да бидат ударни вести. Пред неколку дена беше објавена веста дека „прогнозите на метеоролошката служба укажуваат дека повеќе денови последователно следната недела темепратурата би можело да биде -20 или пониска“ Во последните 150 години само 15 дена во Чикаго имало температура пониска од -20. Исто така, постои можност во Чикаго највисоката дневна темепратура со денови да не премине 0, што се случило само двапати во 20 години, односно 22 пати во 100 години. А сега ќе биде многу поладно од ова.
Бидеќи северната хемисфера во моментов е оддалечена од Сонцето, во тој дел на светот е зима. Јужната полутопка во моментов добива сончева енергија директно и поинтензивно и затоа таму е лето.
Аделаида минатата недела собори рекорд стар 80 години со температура од 46,6 степени. Заводот за метеорологија на Јужна Австралија објави: „Аделаида е автралиската топлотна метропола, во 15:35 беа изменери 46,6 степени, со што го урна рекордот на Мелбурн од 46,4. Други рекорди: Вјала 48,5 (досегашен 48,0), Леј Крик 46,9 (досегашен 46,3) и Порт Аугуста 49,1 (досегашен 48,9). #heatwave“.
Топлотниот бран досега предизвика многу здравствени проблеми, недостаток на енергенси, опасност од пожари и прекини на Австралија опен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.