Во експлозија на бомба поставена покрај пат во авганистанскиот округ Џагату, во провинцијата Газни, загинаа седум цивили.
Според локалните власти при нападот загинале три жени, две деца и двајца мажи.
Се уште никој не презел одговорност за нападот.
Според извештајот на Обединети нации во првите шест месеци од годината во вооружени судири во Авганистан загинаа 1.282 луѓе, а стотици се повредени. Повеќе од 40 проценти од цивилните жртви се жени и деца
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.