Две лица загинаа, 60-тина се повредени, а повеќе од милион жители на Јапонија се советувани да ги напуштат своите домови поради моќниот тајфун Хагибис, кој денеска ќе ја погоди оваа островска земја.

(фото: Ројтерс)

Еден маж загинал кога неговиот автомобил се превртел во источниот дел на Токио, додека четири лица се повредени кога силниот ветер откорнал покриви од домовите.

Обилниот дожд и силните ветрови во налик на торнадо ги уништуваат големите делови на Јапонија, во едно од најсилните невремиња во изминатите 60 години, пренесува „Би-Би-Си“.

Тајфунот се движи по источниот брег со ветрови од околу 225 километри на час.

(фото: Ројтерс)

Досега 30.000 домови се уништени или оштетени, а 16.000 домаќинства останале без електрична енергија.

Продавниците и фабриките се затворени, железничкиот сообраќај е прекинат и повеќе од 1.600 летови се откажани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.