Дмитриј Медведев, како заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, ќе остане на чело на владејачката партија „Обединета Русија“, која ја водеше додека беше премиер, изјави денеска Андреј Турчак, секретар на Генералниот совет на партијата.

По состанокот на пратениците на „Обединета Русија“ пред денешната седница на Државната дума, тој рече дека не постојат законски пречки за заменик-претседателот на Советот за безбедност истовремено да ја извршува должноста претседател на партијата.

Според пратеникот што присуствувал на состанокот, идниот премиер Михаил Мишустин им пренел честитки од Медведев на пратениците на „Обединета Русија“, пренесува ТАСС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.