Маж на 32-годинишна возраст уби три и рани четири лица во низа пукања низ Чикаго во САД. Тој е совладан и убиен од полицајците. Истражителите се обидуваат да го дознаат мотивот за овој крвав поход.

Тој започнал со убиство на 30-годишен студент на Универзитетот во Чикаго, кого Џејсон Најтингел го застрелал во главата додека седел во неговиот автомобил во гаража во Хајд Парк, пренесе АП.

Убиецот Најтингел потоа влегол во станбена зграда, еден блок понатаму, каде пукал во 46-годишен припадник на обезбедувањето кој седел на приемната маса и 77-годишна жена која земала пошта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.