На аеродромот во Хановер беше прекинат воздушниот сообраќај по инцидентот кога човек со автомобил се пробил низ влезната капија на оградената аеродромска зона.

Човекот, според германските медиуми, е приведен, а возилото со кое управувал имало полски регистарски таблички.

Слетувањата и полетувањата на авионите попладнево беа прекинати за време на истрагата, иако терминалите беа отворени, објави АП.

Засега не е познато колку долго авионскиот сообраќај ќе биде во прекин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.