Непознат маж скокнал врз автомобилот на поранешниот украински претседател Петро Порошенко додека тој заминувал од сослушувањето во својство на сведок поради продажбата на бродоградилишта на украински бизнисмен.
На снимка емитувана на локалните телевизии се гледа како напаѓачот го прска со спреј во лице еден од телохранителите на Порошенко, кој интервенираше. Напаѓачот беше совладан од друг телохранител, кој го удри со чадор, пренесуваат украинските медиуми.
Во инцидентот нема повредени.
Ова е провокација на проруските гангстери кои ги кренаа своите глави по смената на власта во Украина, изјави портпаролот на Порошенко, Свјатослав Цеголко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.