Маж се самозапали денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага, каде пред 50 години се самозапали студентот Јан Палах против советската инвазија врз Чехоловачка.

Мажот има 30 отсто изгореници по телото и префрлен е во болница.

Според првични информации на локални медиуми, тој бил роден во 1964 година.

Околу 15 часот се полеал со запаллива течност на плоштадот и се запалил.

Не се знае какви му биле мотивите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.