Момче, на возраст од околу 20-тина години и наводно член на движењето „Црни животи се важни“, се искачил на кулата Чикаго Трамп околу 17:30 часот и висел на јаже во неделата вечерта и бил таму со часови додека полицијата се обидувала да го убеди да слезе.
Полицијата соопшти дека човекот се заканил дека ќе се самоубие доколку не разговара со Доналд Трамп.
На видеата што се појавија на социјалните мрежи може да се забележи маж како виси на портокалово јаже, тврдејќи дека е член на движењето и дека има порака за Трамп.
Не сакам да умрам, но ако некој се обиде да го повлече ова јаже, ќе скокнам и ќе умрам, извикувало момчето.
Како што се наведува, тој се снимал со камера и ги давал тие изјави, а сè било пренесувано во живо на Фејсбук.
Имам нож. Ако некој го повлече јажето, ќе го пресечам, рече момчето.
Тој додаде дека ако Трамп вети нешто, тој мора да го исполни пред изборите.
Засега е непознато како завршила ситуацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.