Катедралата „Сент Етјен“ во Тулуз била евакуирана кога непознат маж влегол за време на утринската богослужба и оставил пакет со рачно изработена бомба, која не била активирана, соопшти францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин.

Дарманин изјави дека пакетот е импровизирана експлозивна направа, без детонатори, и дека е безбедно неутрализирана.

Еден од свештениците од катедралата, Симон Дартик, за локалниот весник „Ла Депеш“ изјавил дека непознат маж избегал откога го оставил пакетот на скалите на олтарот.

Друг свештеник мислел дека се работи за доставувач.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.