Масовното тестирање за коронавирус и програмата за карантин во Словачка во изминатите два викенда помогнаа за преполовување на бројот на заразени лица, соопшти премиерот Игор Матович.
Земјата со 5,5 милиони жители, тестираше 3,6 милиони луѓе, со исклучок на мали деца и некои постари лица, во првата недела од ноември, а на оние со позитивен резултат им беше дадено решение за карантин.
Изминатиот викенд беа тестирани уште околу два милиони луѓе, но само во најпогодените области. Бројот на заразени се покажа многу помал благодарение на карантинот наметнат порано. Програмата е внимателно следена од други земји, кои се борат со наглото зголемување на случаите.
– Земајќи ги предвид областите каде што беа извршени тестови за време на двата викенда, процентот на заразени падна од 1,47 отсто во првата недела на 0,62 отсто од испитаните во втората недела, рече Матович на прес-конференција.
По второто масовно тестирање, властите соопштија за 13.509 позитивни примероци, вклучително и по дополнителни тестови меѓу полицајци, домови за стари лица и компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.