Граѓаните на Словачка кои не учествуваа во масовното тестирање и немаат негативен тест за ПЦР, мораат да останат во изолација до 14 ноември.

Во директивата на Владата издадена денеска, се наведува дека на граѓаните кои не го минале тестот им е забрането да одат на работа, но можат да одат во продавници и да купуваат основни производи или да ги посетуваат здравствените установи.

Од нетестираните граѓани се бара да бидат во своите домови најмалку 13 дена, иако стандардот за карантин за позитивни на вирусот е 10 дена.

Владата наведува дека полицискиот час не е ист со карантинот и дека станува збор за две различни институции.

Со оглед на тоа што вториот круг од масовното тестирање нема да се одржи во цела Словачка, пунктовите на единиците за мобилно тестирање од 9 ноември ќе им бидат достапни на сите што сакаат да бидат тестирани.

Исклучок од оваа одлука се лицата кои во последните три месеци прележале Ковид-19 и оние чија здравствена состојба исклучува тестирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.