Во текот на вчерашната седница на украинскиот парламент пратениците жестоко се истепаа.
Во општата тепачка во салата на Врховната Рада учестуваат дваесетина пратеници.
До судирот дојде кога член на фракцијата на Опозицискиот блок Нестор Шуфрич го искина транспарентот залепен на говорница, а на кој пишуваше „Путиновиот агент Меведчук – на суд“.
На него тогаш наиде пратеникот од Народниот фронт Јуриј Березов и прво го турна, а потоа и го удри со тупаница во глава.
Е тогаш настана општа тепачка во која се удираше кој кого ќе стигне. Претседателот на парламентот Андриј Парубиј се обидел да ги смири разбеснетите пратеници. По општиот метеж ситуацијата некако сепак се смири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.