Велика Британија ќе ги укине сите мерки 19 јули. Како што потврди премиерот, Борис Џонсон, тоа значи дека Британците ќе може да патуваат во странство и по враќањето во земјата повеќе нема да мора да одат во задолжителна самоизолација.

На таквата одлука, веднаш реагираа авиокомпаниите, кај кои веднаш пораснал бројот на резервации, а се воведуваат бројни линии кон популарните туристички дестинации.

Така, третиот најголем авиопревозник во Велика Брианија „Џет2“, од крајот на месецов повторно воведува речиси 40 линии кон туристички одредишта во Грција, Италија и Хрватска. Таквата одлука на компанијата се покажува како сосема оправдана, затоа што само неколку дена по воведувањето на летовите многу од нив се распродадени.

„Џет2“, која по „Бритиш ервејс“ и „Изиџет“ е третата по големина компанија во земјата, ја поврзува Велика Британија со серија локации популарни меѓу британските туристи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.