Во Јапонија единаесет лица загинаа, а 5.000 се хоспитализирани поради топлотниот бран. Меѓу починатите е и маж кој работел во забавен парк, а кој глумел маскота, јави Би Би Си.
Маж (28) кој во Забавниот парк работел пола работно време, а во моментот на смртта бил облечен во тешка облека, глумејќи една од маскотите на паркот. Умрел од топлотен удар во неделата вечер во паркот Хираката во Осака, откако 20 минути играл во костум тежок 16 килограми.
Највисоката температура во паркот тој ден била нешто повеќе од 33 степени, додека во вечерните часови била речиси 29 степени. Мажот изгубил свест, итно е пренесен во болница, каде и починал. Забавниот парк потоа ги откажа сите настани со маскирање и носење костими.
Официјалните податоци покажуваат дека повеќе од 5.000 лица побарале болничко лекување поради горештините кои ја погодија Јапонија во текот на минатата недела. Повеќе од 50 отсто од лицата кои се хоспитализирани имале 65 и повеќе години. Загрижувачки е што температурите и во текот на идната недела ќе останат натпросечно високи.
Највисоките температури од околу 37 степени се забележани во понеделникот во префектурата Гифу во централна Јапонија и префектурата Ивате на северот од земјата. Според податоците на јапонската метеоролошка агенција, во околу 80 отсто од следените метеоролошки станици температурата била 30 или повеќе степени.
Тоа не е првпат оваа земја да ја погоди топлотен бран. Во јуни минатата година метеоролошката агенција топлотниот рбан го прогласи за природна катастрофа откако во една недела починаа 65 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.