Мароканските власти одлучија од денеска да ги суспендираат сите летови кои пристигнуваат од целиот свет поради новиот сој на Ковид-19, Омикрон. Привремената забрана ќе трае две недели.
Одлуката на здравствениот комитет е одговор на „брзото ширење“ на Омикрон, особено во Европа и Африка – објаснуваат здравствените власти.
Тие наведуваат дека редовно ќе ја проценуваат состојбата за доколку има потреба да се менуваат мерките.
Сојот наречен Омикрон ги доведе во прашање глобалните напори за борба против пандемијата бидејќи постои стравување дека Б.1.1.529 е многу заразен, што поттикна многу земји повторно да воведат мерки.
Оваа нова варијанта има најмалку 10 мутации, за разлика од Бета која има три или Делта со две мутации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.