Германскиот демохристијанин, Манфред Вебер, по третпат е избран за шеф на Европската народна партија, најголемата група во Европскиот парламент.
Горд сум и благодарен на моите колеги што повторно ме избраа да претседавам со групата на ЕПП. Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата работа за зајакнување на христијанската демократија и десниот центар низ Европа – изјави Вебер по изборот, на кој освои огромно мнозинство гласови.
Вебер најави дека ќе се бори против оние кои сакаат да ја загрозат и уништат ЕУ.
Христијанската демократија беше принцип на создавање на ЕУ и ЕПП е водечка сила за силна и стабилна Европа блиска до народот – порача Вебер.
Вебер (49) е претседател на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), најсилната партија во Баварија и ја предводи парламентарната група на ЕПП од 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.