Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека на ранливите групи и повозрасните луѓе најверојатно ќе им треба трета доза на вакцина против Ковид-19, со што Париз и Берлин не се откажуваат од довакцинација и покрај предупредувањето од Светската здравствена организација.

Веројатно ќе биде потребна трета доза, но не за сите веднаш, туку во секој случај за најранливите и највозрасните – изјави Макрон.

Француската влада се обидува да ја забрза програмата за вакцинација во Франција, бидејќи земјата се соочува со четвртиот бран на корона вирусот, но и со улични протести против политиката за справување со Ковид-19.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, вчера повика да се почека со довакцинација барем до крајот на септември.

Германија и Франција ќе продолжат со давање трета доза на населението од септември, игнорирајќи го повикот на СЗО да почекаат додека не се вакцинираат повеќе луѓе во светот.

Франција и Германија досега вакцинирале 64,5 проценти, односно 62 отсто од населението со барем една доза, додека 49 проценти од Французите и 53 отсто од Германците се ревакцинирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.