Францускиот претседател Емануел Макрон, чии планови за реформа на пензискиот систем наидуваат на жестоко противење на јавноста, ќе се откаже од специјалната претседателска пензија кога ќе ја напушти функцијата, соопшти неговата канцеларија.

Според законот од 1955 година, на претседателите во Франција, штом ја напуштат Елисејската палата им следуваат околу 6.000 евра месечно, без данок.

Макрон сака да ги смени овие пензиски права на поранешните претседатели со цел да ги усогласи со измената на целиот закон за пензии, што ќе важи за сите француски граѓани, соопшти неговиот кабинет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.