Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска одби да се извини за изјавата дека НАТО се соочува со „мозочна смрт“. Тој воедно оцени дека неговите забелешки би можело да помогнат да започнат преговори во Алијансата за важните стратешки прашања.

За време на своето доаѓање на состанокот на НАТО лидерите, во близина на Лондон, Макрон, запрашан дали останува на својот став, рекол:

Да апсолутно. Впрочем, тоа ни овозможи да отвориме некои клучни дебати – пренесе Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.