Францускиот претседател Емануел Макрон вчера го посети Киев, каде што се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Мариo Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис на средба со Володимир Зеленски, лидерот на Украина.
За време на посетата на Киев, Макрон даде интервју за телевизијата ТФ1, каде рече дека не ја исклучува посетата на Русија, но под одредени услови.
За да одиме во Русија мора да се создадат предуслови, но ништо не исклучувам – рече Макрон, додавајќи дека се уште не планира телефонски разговор со Владимир Путин.
Претседателот на Франција изјави за ТФ1 дека Украина треба сама да одлучи дали ќе прифати какви било територијални отстапки за Русија за да се стави крај на војната. Тој додаде дека верува оти нивна должност е да се придржуваат до вредностите на меѓународното право.
Макрон рече дека Франција и Германија нема да водат разговори за прекин на огнот меѓу Украина и Русија наместо Киев, ниту пак ќе понудат какви било отстапки во име на земјата или ќе разговараат за нив.
Кога ќе дојде време да се собереме на преговарачката маса, Европа ќе разговара за безбедносните гаранции кои произлегуваат од меѓународните договори, кои украинскиот претседател ќе ги спроведе во име на својата нација – рече Макрон, додавајќи дека тоа ќе доминира во идните разговори со Русија.
Тој рече дека Франција ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно.
Европа не се обиде да предизвика глобален конфликт, па се ограничи на економски санкции и политичка поддршка за Киев – посочи Макрон, пренесе Аваз.ба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.