Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретнат пред самитот на НАТО во Лондон, што ќе се оддржи на 4 декември.

Макрон синоќа на Твитер соопшти дека имал „одличен телефонски разговор“ со американскиот претседател, со кого разговарал за Сирија, Иран и НАТО, пренесуваат британските медиуми.

Се согласивме околу многу работи и ќе се сретнеме пред самитот во НАТО во Лондон“, напиша Макрон на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.