Макрон и Трамп договорија примирје за дигиталниот данок

Свет 20.01.2020 / 22:58

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека имал „одличен разговор“ со претаседателот на САД , Доналд Трамп за данокот на дигитални услуги што Франција и дека се согласиле двете земји да работат заедно за да избегнат покачување на тарифите.

Ние ќе работиме заедно за да постигнеме добар договор за да избегнеме какво било царинско ескалирање“, објави Макрон на Твитер, додавајќи дека разговорот со Трамп во неделата поминал  „одлично“.

Во јули, Франција одлучи да воведе три проценти данок на дигитални приходи во земјата за компании со приходи над 25 милиони евра во Франција и 750 милиони евра ширум светот.

Како резултат на тоа, Вашингтон се закани дека ќе наметне давачки за француските производи.

Макрон и Трамп се согласија да ги продолжат разговорите по ова прашање до крајот на годинава, елиминирајќи ја засега заканата од санкциите на САД, изјави француски дипломатски извор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.