Францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги ја повикаа ЕУ да ги реформира своите фискални правила со цел да се овозможи поголема инвестициска потрошувачка.
Прито, двајцата државници ја признаваат неопходноста од намалување на долговите.
Како што не може да се дозволи правилата да застанат на патот на нашиот одговор на пандемијата, така тие не смее да не спречат да ги направиме сите неопходни инвестиции – порачуваат Макрон и Драги во заедничката колумна објавена во „Фајненшл тајмс“.
Истовремено, тие исто така повикуваат на поголема флексибилност за клучните трошоци.
Треба да имаме повеќе простор за маневрирање и доволно клучни трошоци за иднината и да го обезбедиме нашиот суверенитет – истакнуваат Макрон и Драги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.