Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Велика Британија да ги исполни своите обврски во однос на дозволите за риболов по Брегзит.

Според Макорн, Франција нема да попушти за ова прашање и обвини дека Лондон „си игра со француските нерви“.

Не го добивме тоа што го сакавме. Тие си играат со нашите нерви – истакна Макрон пред новинарите за време на посетата на северна Франција.

Франција реагира за бројот на дозволи што официјален Лондон им ги додели на француските рибарски бродови по излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

Франција наведува дека многу рибарски бродови ловат риба без дозволи, додека Лондон тврди дека го почитува договорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.