Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги осуди нападите врз Израел и кажа дека за ситуацијата разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, палестинскиот претседател Махмуд Абас и другите регионални лидери.
Француското претседателство соопшти дека Макрон разговарал и со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и вршителот на должноста премиер на Либан Наџиб Микати, јавија британските медиуми.
„Претседателот изрази загриженост за ситуацијата и сите ги потсети на важноста да се осудат недвосмислените терористички напади против Израел, неговите војници и неговиот народ“, се додава во соопштението на Елисејската палата.
Макрон претходно денеска на платформата Х (Твитер) напиша дека разговарал со Нетанјаху и со израелскиот претседател Исак Херцог.
„Франција е солидарна со Израел и Израелците, посветена на нивната безбедност и нивното право да се бранат“, посочи.
Палестинскиот претседател Абас го повика Макрон да интервенира за да се запре „израелската агресија“ спроведена од „окупациските сили или доселенички групи против Палестинците“, јави палестинската агенција ВАФА.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.