Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека нема да го остави Израел изолиран во неговата борба против исламистичките милитанти, но предупреди на ризиците од регионален конфликт по пристигнувањето во Израел.

По средбата со семејствата на француските жртви на аеродромот во Тел Авив, Макрон му рече на претседателот Исак Херцог во Ерусалим дека Франција стои „рамо до рамо“ со Израел и дека првата цел треба да биде ослободување на заложниците во Газа.

Сакам да бидете сигурни дека не сте оставени сами во оваа војна против тероризмот, рече Макрон.

Наша должност е да се бориме против тероризмот, апсолутно јасно и без ширење на конфликтот“, додаде тој.

Советниците на Макрон рекоа дека, освен солидарноста со Израел, Макрон сака да даде „најоперативни предлози“ за да се спречи ескалација, да се ослободат заложниците, да се гарантира безбедноста на Израел и да се работи на решение со две држави.

Одбивајќи да образложи какви би можеле да бидат тие предлози, советникот на Макрон рече само дека има работи што може да се направат за Израел да не се чувствува осамен во својата борба против тероризмот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.