Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека дојде моментот на вистината за Европската унија кога таа мора да покаже солидарност со земјите погодени од болеста предизвикана од новиот вид коронавирус. Тој ова го рече во интервју за „Фајненшал тајмс“ објавено денес.
„Моментот на вистината“ за нас кога треба да одлучиме дали Европската унија е политички проект или само маркетинг проект. Мислам дека ова е политички проект. Ни требаат финансиски трансфери и солидарност- рече тој.
Ако не можеме да го сториме тоа денес, ве уверувам, популизмот ќе победи – денес, утре – во Италија, Шпанија, можеби во Франција или каде и да е. Ако станува збор за политички проект [ЕУ], тогаш човечкиот фактор е главниот и Загриженоста за солидарноста е основна … Да не заборавиме дека самата економија е општествена наука – рече францускиот претседател.
Макрон е убеден дека ако земјите на ЕУ не можат сами да си помогнат во време на толку сериозна криза, тоа ќе има значително влијание врз тоа како ЕУ ќе се перцепира во иднина.
Луѓето ќе почнат да си кажуваат себеси: Какво прекрасно патување [ЕУ] ни нуди да продолжиме? Овие луѓе нема да нè штитат во криза, ниту после тоа, тие нема да покажат солидарност со нас – продолжи Макрон.
Францускиот претседател ја нарече пандемијата од коронавирус и глобалната економска криза што ја предизвика „огромен антрополошки шок“ што ќе ги промени животите на многу луѓе и, прво, ќе стави крај на процесот на глобализација.
Ова ќе ја промени суштината на глобализацијата како што тоа го знаевме во последните 40 години – рече политичарот.
Тој призна дека овој процес помогнал да се ослободат многу тоталитарни режими и да се ослободат стотици милиони луѓе од сиромаштијата.
Но, особено во последниве години (глобализацијата) ја зголеми нееднаквоста во развиените земји. Очигледно беше дека овој вид на глобализација стигна до крај на циклусот и веќе ја поткопува демократијата – рече Макрон.
Во исто време, францускиот претседател призна дека во моментот нема одговор во која фазата е кризата.
Не знам дали сме во почетокот или во средината на кризата – никој не знае. Несигурноста навлезе во сè, и ние мора да се справиме со тоа. Ние тргнавме по патот на незамисливото – рече тој.
Сите ние имаме сериозна потреба од нешто ново, затоа што тоа е сè што можеме да направиме сега – додаде Макрон.
Макрон изрази надеж дека сегашната пандемија ќе го промени ставот на луѓето кон екологијата и откако ќе заврши, луѓето ќе бидат повнимателни кон квалитетот на воздухот што го дишат.
Луѓето ќе речат: Сопре сè заради оваа болест и сега сакате повторно да дишеме лош воздух – рече Макрон.
Осврнувајќи се на слободата на медиумите во западните земји и другите несогласувања со Кина, Макрон рече: Со оглед на овие разлики, одлуките што се донесени и она што се случи во Кина, што јас го почитувам, е: „Да не бидеме толку наивни … Ние не знаеме. Дефинитивно постојат работи што се случиле за кои не знаеме!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.