Францускиот претседател Емануел Макрон доцна вчеравечер објави дека „Французите ја делат тагата на Австријците по терористичкиот напад во Виена“, најавувајќи „борба против непријателите на Европа“.

Ние, Французите, го делиме шокот и тагата на Австријците по нападот во Виена. По Франција, пријателска земја е нападната. Ова е нашата Европа. Нашите непријатели мора да знаат со што си имаат работа. Ние нема да попуштиме пред ништо, напиша Макрон на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.