Европскиот совет денеска соопшти дека се воведени нови санкции на ЕУ кон власта на белорускиот претседател Александар Лукашенко, како и дека кон мерката се приклучиле сите земји-кандидатки за членство во Унијата, освен Србија.
Во соопштението од Советот се вели дека земјите кандидати Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, членки на Европската економска област, се приклучуваат на оваа одлука.
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, денеска го поздрави усогласувањето на третите земји со одлуката на Советот на ЕУ од 21 јуни, со која на списокот на оние кои подлежат на рестриктивни мерки се додадени 78 државјани на Белорусија и седум правни субјекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.