Швајцарската Влада објави список со 29 земји чии граѓани ќе треба да се регистрираат кај надлежните органи на таа држава по пристигнувањето и да одат во самоизолација со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
На списокот се наоѓаат САД, Шведска, Бразил, Русија, Белорусија, Македонија и други, што се оценети како земји со висок ризик на зараза.
Патниците кои биле во тие земји во претходните 14 дена, мораат да ги известат швајцарските власти при пристигнувањето и да одат во карантин во рок од 10 дена, соопшти швајцарската Влада.
Списокот на држави, како што се наведува, постојано ќе се ревидира со оглед на развојот на ситуацијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.