Американските технолошки компании Мајкрософт, Фејсбук, Алфабет Гугл и Твитер заедно работат на сузбивање на дезинформациите што се објавуваат на нивните социјални мрежи и другите платформи во врска со пандемијата на коронавирусот, објавија во заедничко соопштение.
Компаниите соопштија дека работат во координација со владините здравствени установи низ светот на размена на важни информации што се однесуваат на коронавирусот.
Во светот има повеќе од 174.000 лица заразени со коронавирусот, а речиси 6.700 умреа. Најмногу заразени има во Кина, над 80.000 лица, но сега ситуацијата е најлоша во Европа, особено во Италија и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.