Американката Лилиана Кариљо е осомничена за убиство на нејзините три деца чии безживотни тела се пронајдени во нивниот семеен дом во Лос Анџелес.

Според обвинението, Кариљо ги избодела трите деца од кои најмалото има шест месеци, а најстарото има три години.

Овие слики ти остануваат во сеќавањето засекогаш. Како полицаец, многу ми е тешко да го сфатам ова што го видов – изјавил еден од полицајците кои работат на случајот.

По иницијалната вест за стравичниот случај, мајката била забележана како краде автомобил, но набрзо била фатена.

Засега не е познат мотивот за ова свирепо убиство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.