Во германскиот град Золинген, 27-годишна мајка отру 5 од своите 6 деца, пред да се обиде да си го одземе животот со фрлање под воз.

Работниците од Брза помош биле истрауматизирани од она што го затекнале во станот. Се обиделе да ги реанимираат децата, но било предоцна.

„Билд“ пренесува дека семејството и порано имало проблеми.

Поточно, како што наведуваат, таткото на шесте деца исто така имал обид за самоубиство, но во тоа го спречила мајката. Таа во германските медиуми е идентификувана како Кристен К.

„Билд“ исто така наведува дека мајката пред да се фрли под возот ја повикала бабата на децата и ѝ кажала што направила.

Кога дошле на местото на злочинот, на полицијата и лекарите им се слошило.

Преживеаното момче Марсел после стравичниот злочин му испратил порака на својот надобар другар Макс, пренесува „РТЛ“.

Новинарите разговарале со Макс, кој им кажал дека никогаш не видел никој од семејството на Марсел, иако тој му кажал дека има повеќе браќа и сестри.

Воглавно беше тажен, рекол најдобриот другар на момчето.

Марсел после морничавото злостирство на другарот му испратил порака на Ватс Ап. Во пораката пишувало: Само сакав да ти кажам дека повеќе никогаш нема да ме видиш. Моите браќа и сестри се мртви!

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.