Најмалку пет државјани на САД, мајка и четири деца, се убиени во насилен напад, извршен најверојатно од наркокартел во северниот дел на Мексико, пренесуваат американските медиуми.
За жртвите се вели дека се членови на семејството Лебарон, поврзани со отцепената заедница Мормон, која се населила во Мексико пред неколку децении.
На местото на настанот има изгорен автомобил, а се претпоставува дека некои жртви биле запалени живи. Уште неколку луѓе се водат како исчезнати. Локалните медиуми јавуваат дека нападот можеби е случај на погрешен идентитет.
Членовите на семејството Лебарон рекле дека голема група од три мајки и 14 деца тргнале во конвој со автомобили од Бависп во државата Сонора и се упатиле кон Ла Мора во соседната држава Чихуахуа. За некои се верува дека имаат двојно американско-мексиканско државјанство
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.