Американскиот државен секретар Мајк Помпео се придружи во честитките до Грција откако грчкиот Парламент го ратификуваше договорот за преименување на Македонија во Македонија.
– САД ја поздравуваат одлуката на грчкиот Парламент за ратификување на Преспанскиот договор. Водачите на Грција покажаа визија, храброст и упорност во нивните напори да се реши спорот за името што ќе и дозволи на идната Република Македонија да го заземе местото во НАТО и во ЕУ кое и припаѓа. САД ја поздравуваат оваа историска можност за
подобрување на стабилноста, безбедноста и просперитетот низ регионот, пишува во соопштението од секретарот Помпео.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.