Потпретседателот на Соединетите американски држави, Мајк Пенс, на Републиканската национална конвенција во понеделникот и официјално беше реименуван за кандидат за потпретседател на изборите во САД во 2020 година.

Вкупно 336 делегати собрани на партискиот конгрес во Шарлот, Северна Каролина, едногласно ја потврдија номинацијата на Пенс.

Подоцна во текот на денот се очекува републиканците официјално да го реименуваат и американскиот претседател, Доналд Трамп, за свој претседателски кандидат за изборите во ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.