Раскошното осветлување на славната елка пред Центарот Рокфелер, ги воодушеви илјадниците што се собраа на улиците на Њујорк за да го гледаат спектакуларното палење на Божикната елка.
Околу 50.000 разнобојни светилки , повзани со жици долги осум километри се запалија на огромното дрво, а милиони луѓе низ САД го гледаа во живо спектаклот , кој што се одржува 87 години по ред.
Пејачите Џони Леџенд, Гвен Стефани и Идина Мензел беа меѓу изведувачите кои ја забавуваа публиката.
На врвот на дрво е сместена кристалната sвезда Сваровски дизајнирана од архитектот Даниел Либескинд. Дрвото се очекува да го видат околу 750.000 луѓе во текот на сезоната на празници.
За да се обезбеди непречено движење околу елката, полицијата воведе пешачки зони на околните улици.
60-години страта елка тешка 60 тони , била испратена во Њујорк од Норвешка во ноември.
По завршетокот на сезоната на празници, таа ќе се претвори во граѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.