Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го отфрли, како што го нарече, „дрскиот ултиматум“ од водечките земји од ЕУ.
Франција, Германија и Шпанија побараа од него во рок од осум дена да распише општи избори, а порачаа дека во спротивно ќе го признаат опзицискиот лидер Хуан Гуаидо за привремен претседател.
Во интервју емитувано денес на турската телевизија Си-ен-ен турк Мадуро кажа и дека Гуаидо го прекршил уставот прогласувајќи се во средата за привремен претседател, пренесува Ројтерс.
Мадуро во истото интервју порача дека е за отворен дијалог, како и дека средба со американскиот претседател Доналд Трамп е малку веројатна, но не и невозможна.
Венецуелската влада ги прекина дипломатските односи со САД откако Вашингтон го поддржа Гуаидо како привремен претседател на Венецуела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.