Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро се обрати до нацијата , откако вчера претседателот на парламентот Хуан Гваидо се прогласи за претседател со поддршка од САД.
Мадуро најави затворање на амбасадата на Венецуела и сите конзулати во САД . Тој потсети дека до недели сите американски дипломати мораат да ја напуштат Венецуела. Мадуро во обраќањето рече и дека се согласува со ставот на Мексико и Уругвај дека е потребен дијалог. Сепак потенцира дека нема намера да го напушти местото претседател на државата.
Никогаш нема да се откажам од обврските кон мојата татковина , никогаш тоа нема да го направам, рече претседателот, кој се соочува со петоцифрена секојдневна инфлација во земјата што е на четврто место во светот по производство на нафта.
Милиони жители на Венецуела од почетокот на минатата година ја напуштија земјата и заминаа како бегалци во соседните земји.
Мадуро на крајот на говорот се претстави себеси како уставен претседател , а шефот на опозицијата Гваидо го нарече марионета на САД.
Во меѓувреме, најмалку 12 лица загинаа во бранот антивладини протести во Венецуела, соопшти денеска невладината организација Венецуелска опсерваторија за општествени судири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.