Зголемувањето на бројот на смртни случаи од коронавирусот во Мадрид напредува побрзо отколку во другите погодени региони како Вухан или Ломбардија

Бројките покажуваат дека 12352 се заразени а 1.535 починале, а тоа се 57 проценти од оние што починаа на национално ниво.

Во Вухан каде што се појави вирусот бројот на смртни случаи достигна 2.000 за повеќе од 35 дена. Во меѓувреме, во Ломбардија за 25 дена починаа 4000 лица. Мадрид бележи 1.500 жртви за само 15 дена.

Во споредба со остатокот од автономни заедници на национално ниво, Мадрид исто така е на врвот на оваа листа со 57% од смртните случаи. Потоа следи Каталонија, со нешто повеќе од 10% и Кастиља Ла Манчаоколу 8% од смртноста поради коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.